Хроника

Две жени и девојче повредени при судир на автомобил и трактор

Две жени и девојче повредени при судир на автомобил и трактор

На 06.08.2024 во 04.45 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на патот од с.Јосифово кон с.Пирава, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор ,,имт 533“ без регистарски ознаки, управуван од Р.М.(44) од село Јосифово, валандовско и патничко возило „фолксваген шаран“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.П.(69) од Кавадарци.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката од возилото „фолксваген шаран“ И.П.(69) од Кавадарци и сопатничка од тракторот Ѓ.М.(37) од село Јосифово, додека со телесни повреди се здобила уште една малолетна сопатничка од тракторот, констатирани во здравствена установа, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово.

To top