Денеска (27.05.2024) во 02.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„50 Дивизија“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „пежо“, сопственост на Т.З.(60) од Скопје и патничко возило „рено“, сопственост на А.Д. од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.