Хроника

Две лица повредени во сообраќајка во Кочани

Две лица повредени во сообраќајка во Кочани

На 27.09.2025 во 11:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитар Влахов“ и ул.„Павлина Вељанова“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(24) од с.Чешиново, општина Чешиново Облешево и патничко возило „форд фиеста“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Б.С. од Кочани.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Ј., а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник С.Е.(26) од с.Чешиново, констатирани во Клиничка болница Штип, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Најнови вести од Хроника

To top