Хроника

Две лица повредени во сообраќајка кај Скудриње

Две лица повредени во сообраќајка кај Скудриње

На 21.01.2025 во 13.26 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Мавровска крстосница – Дебар, пред крстосницата за с.Скудриње, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(65) од с.Равен, гостиварско и патничко возило „фолксваген голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Џ.М.(38) од Дебар, информира МВР.

Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот Ф.К., а неговата сопатничка Л.К.(48) од Република Албанија со престој во с.Равен се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Најнови вести од Хроника

To top