На 03.12.2023 во 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Лука Геров“ и ул.„Тиранска“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(69) од Скопје и патничко моторно возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(40) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.П., а со телесни повреди се здобил С.П. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.