Хроника

Две деца се здобиле со изгореници во пожар во куќа во Прилеп

Две деца се здобиле со изгореници во пожар во куќа во Прилеп

Две деца се здобиле со изгореници во пожар во куќа во Прилеп, кој бил пријавен вчера, соопшти МВР.

-На 28.08.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Леце Котески” во Прилеп, во куќа сопственост на Д.А.(48) од Прилеп настанал пожар, при што со телесни повреди – изгореници се здобиле две деца, кои биле сами во една од просториите, наведуваат од МВР.

Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната против пожарна единица Прилеп, а увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

To top