На 23.10.2025 во 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Имер Призрени“ со сервисна улица во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота јарис“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 38-годишната Л.К.З. од Тетово и мотоцикл управуван од Б.Ј.(30) од с.Сингелиќ, скопско.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а неговиот сопатник О.Ј.(23) од с.Сингелиќ, скопско се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.