Хроника

Двајца повредени во сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка

Двајца повредени во сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка

Во СВР Куманово вчера утрината било пријавено дека на крстосница од магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, локален пат кон с.Клечовце и локален пат кон с.Макреш, општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна несреќа.

Во несреќата учествувале автомобил „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Г.С.(53) од с.Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане и автомобил „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Б.(42) од с.Долно Соње, скопско.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.С., а со телесни повреди се здобил И.Б., констатирани во Општата болница Куманово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

To top