Возач и сопатник се здобиле со повреди откако со товарно возило со кое се превезувале излетале од патот Градско-Прилеп.
Несреќата, информира МВР, се случила вчера околу 15:50 часот.
-Товарно возило „рено кангу“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(39) од Битола, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот П.Ј.(30) од Битола, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп, велат од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.