Хроника СВР Струмица

Девојка сместена во здравствена установа добила ЗАБРАНЕТИ работи преку пошта, еве кој ги испратил

„Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“

Девојка сместена во здравствена установа добила ЗАБРАНЕТИ работи преку пошта, еве кој ги испратил

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.В.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Пријавениот, на 02.07.2023 и 30.08.2023 на својата поранешна девојка, која била сместена во здравствена установа во Негорци, преку пошта ѝ испратил амфетамин, марихуана и таблети.

To top