СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.В.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Пријавениот, на 02.07.2023 и 30.08.2023 на својата поранешна девојка, која била сместена во здравствена установа во Негорци, преку пошта ѝ испратил амфетамин, марихуана и таблети.