Денеска во 12:35 часот во СВР Тетово – ОВР Гостивар е пријавено дека во Мавровското езеро, во близина на браната „Белички канал“ паднал мал спортски авион, потврдуваат од МВР.
Според пријавеното, од авионот на копното успеале да излезат двајца косовски државјани Џ.П.(41) и Д.М.(64), кој го управувал леталото.
Тие се здобиле со повреди и се пренесени во Медицински центар Гостивар за укажување помош.
-Полициски службеници од Полициското одделение Маврово веднаш излегле на местото и во разговор со нив Д.М. изјавил дека поради проблем со моторот слетал во езерото, информира МВР.