Хроника УЖАС

Детали за двојното убиство во Македонија: Познати идентитетите на усмртените, повредениот и осомничениот

По наредба на јавен обвинител, телата на починатите биле дадени на обдукција,  а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Детали за двојното убиство во Македонија: Познати идентитетите на усмртените, повредениот и осомничениот

На 27.12.2023 околу 14:30 часот во с.Челопек, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Жеровјане го лишиле од слобода И.И.(59) од село Челопек, постапувајќи по пријава дека околу 14:10 часот во селото со огнено оружје ги усмртил неговите роднини Ф.Џ.(52) и М.Џ.(28), а го повредил А.Џ.(54), сите од истото село.

Осомничениот, кој, исто така, бил повреден од огнено оружје, бил приведен во полициска станица и пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово, при што биле пронајдени и одземени три пиштоли. Еден пиштол е одземен од приведениот, а останатите два биле пронајдени во непосредна близина на починатите Ф.Џ. и М.Џ..

По наредба на јавен обвинител, телата на починатите биле дадени на обдукција,  а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top