Хроника

ДЕТАЛИ: Не бил еден, туку два пожари во познатиот штипски ресторан, еве што се случувало

Пожарот зафатил дел од кујната и бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип.

ДЕТАЛИ: Не бил еден, туку два пожари во познатиот штипски ресторан, еве што се случувало

На 03.03.2026 околу 22:50 часот во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, сопственост на Љ.М.(58) од Штип.

Пожарот зафатил дел од кујната и бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип.

-Подоцна, во 00:15 часот повторно било пријавено дека настанал пожар во истиот угостителски објект. Овојпат пожарот го зафатил кровот и пак бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, информира МВР.

Повредни лица нема, а увид извршила екипа од СВР Штип.

To top