Млад возач е тешко повреден во сообраќајната несреќа која доцна синоќа се случила на патот Прилеп – Битола.
Сообраќајката во МВР била пријавена околу 01:05 часот, а од полицијата по завршениот увид излегоа со детали.
Во несреќата учествувале товарно возило „ман “ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(58) од Битола и автомобил „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Д.К.(20) од Прилеп.
-Во несреќата возачот Д.К. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Прилеп, информира МВР.