Хроника

Дебранец приведен во Охрид при кражба на велосипед

Дебранец приведен во Охрид при кражба на велосипед

Полициски службеници во Охрид лишиле од слобода жител на Дебар при кражба на велосипед.

-Синоќа во 20 часот, на улицата „Никола Карев“ во Охрид, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Охрид го лишија од слобода Ш.Р.(38) од Дебар. Тој бил затекнат при обид да одземе велосипед пред влез во зграда на истата улица, информираше Стефан Димоски, посрпарол на СВР-Охрид.

Според него по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од Хроника

To top