Хроника

Четворица повредени во три сообраќајки со мотори

Четворица повредени во три сообраќајки со мотори

Четири лица меѓу кои и едно 15 годишно момче се повредени во три одвоени сообраќајни несреќи во кои учествувале мотори.

Во полицискиот билтен, информираат за сообраќајка која се случила кај прилепското село Обршани, а во која учествувале автомобил „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управуван од П.Д.(25) од с. Пашино Рувци, прилепско и мотоцикл без регистарски ознаки управуван од 15 – годишник од с.Обршани.

-Во несреќата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп, велат од МВР.

Во втората несреќа повредени се две лица, со тешки повреди завршил 20 годишен возач на мотоцикл, М.С.(20) од с.Добрејци, струмичко, а со телесни повреди неговиот сопатник И.Г.(21) од Струмица. Тие паднале од мотор на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица. Несреќата е пријавена во 20:30 часот.

Со тешки телесни повреди се здобил и 28 годишниот скопјанец Д.Р. кој со мопед учествувал во сообраќајка заедно со автомобил „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.Џ.(46).

Сообраќајната несреќа се случила на крстосницата од ул.„Џон Кенеди“, ул.„Серава“ и ул.„Ферид Захири“ во Скопје. Повредите им биле  констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Во трите случаи полициски екипи извршиле увид на лице место.

To top