Четири лица се повредени, од кои две со тешки повреди, во сообраќајна несреќа која вчера во 17 часот се случила на регионалниот пат од с.Биџево кон с.Драслајца.
Во несреќата, информира МВР, учествувале автомобил „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Т.Д.(31) од село Делогожда, струшко и патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Х.Ш.(31) од Германија.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Х.Ш. и сопатничка од возилото „голф“ А.Д.(28), а со телесни повреди се здобиле Т.Д. и сопатничката од возило „бмв“ , А.Х, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, велат од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.