На 21.10.2025 во 20:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. „Хо Ши Мин“ и ул. „Натанаил Кучевишки“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(33) од Скопје и патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(21) од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „сеат“ Д.Ш.(35) од Скопје, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот од патничкото возило „фолксваген голф“ О.И.(19) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.