Полицијата синоќа околу 5 минути по полноќ добила пријава дека на регионалниот пат Скопје – Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(20) од с.Орланци, скопско и патничко возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.М.(22) од с.Арачиново, скопско.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Б., а со телесни повреди се здобиле неговиот малолетен сопатник, возачот А.М. и неговиот сопатник Ф.Б.(30) од с.Арачиново, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.