На 24.07.2025 во 17.30 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Маврово-Дебар, пред место викано „Ростушко Анче“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(45) од с.Скудриње, дебарско и патничко возило „фолксваген тигуан“ со словенечки регистарски ознаки, управувано од Т.З.(59) од Дебар.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „опел“ А.А., додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката во возилто „тигуан“-Р.З., констатирани во Медицински центар во Дебар, информираат од СВР Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Дебар.