Хроника Се судрија Цитроен и Ауди

Четири лица се повредени: Тешка сообраќајка во Скопје

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Четири лица се повредени: Тешка сообраќајка во Скопје

Денеска (05.12.2023) во 02:30 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и бул.„Крсте Мисирков“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „цитроен“, управувано од Д.Ј.(36) од Скопје и патничко моторно возило „ауди“, управувано од С.Ш.(31) од с. Студеничани, двете со скопски регистарски ознаки.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и двајца сопатници од возилото „ауди“, И.В.(40) и Е.М.(30) двајцата од с.Студеничани, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top