На 21.01.2024 во 19:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Гоце Делчев“, Свети Николе – Скопје, во близина на с.Коњари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(21) од с.Танушевци – општина Чучер Сандево и патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(61) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „пежо“, Б.Д.(57) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле уште една сопатничка од истото возило Б.С.(58) од Скопје, возачот Б.С. и неговата сопатничка М.Б.(23) од с.Танушевци, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.