Хроника

БМВ излета од пат во кумановско, возачот тешко повреден

БМВ излета од пат во кумановско, возачот тешко повреден

На 27.10.2024 во 23.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат во с.Проевце, кумановско, патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(49) од село Вак`в, кумановско излетало надвор од коловозот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

To top