Хроника

Бизнисменот Чедо Радомировиќ почина во болница откако повреден беше најден кај село Орман

Бизнисменот Чедо Радомировиќ почина во болница откако повреден беше најден кај село Орман

Во болница починал Чедо Радомировиќ, познат уште како Чедо Радо, дознава ТВ21. Како што веќе беше објавено, тој со повреди бил пронајден кај селото Орман.

Околу 19 часот во село Орман до паркирано возило марка „Лексус“ бил пронајден познатиот бизнисмен основач на фирмата „Техноком“ и основач на „Радо банка“ со нанесена повреда во пределот на главата.

До него бил пронајден пиштол и чаура.

КУРИР побара детали од МВР, но до моментот на објавување не добивме информации. Се очекува повеќе детали МВР да објави во текот на утрешниот ден.

Поврзани теми

To top