Десетина минути по полноќ, во Секторот за внатрешни работи Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во тетовска Вратница, патничко моторно возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 34-годишниот И.Е. од тетовско Доброште удрило и усмртило дива свиња, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Како што информира Јосифоски во возилото нема повредени.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.