Хроника Повредени нема

Автомобил опожарен на Бит Пазар, зафатено уште едно возило

Автомобил опожарен на Бит Пазар, зафатено уште едно возило

Денеска во 04.05 часот во СВР Скопје, Д.И.(38) од Скопје, пријавил дека на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар настанал пожар во неговото патничко возило „мерцедес“, а од пожарот било зафатено и патничко возило „шкода“, сопственост на С.З.(53) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна единица. Повредени лица нема.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

To top