Патничко возило „фиат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(39) од Охрид, излетало надвор од коловозот. Несреќата се случила вчера во 23 часот на улицата „Железничка“ во Охрид.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Е.Д.(34) од Охрид, а со телесни повреди се здобиле возачот С.Д. и двајца малолетни сопатници, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.