На 08.06.2024 во 13.35 часот во Полициската станица Гостивар, било пријавено дека на регионалниот пат Маврово-Дебар на место викано „Обесена вода“ кај с.Жировница патничко возило „алфа“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Р.Х.(63) од с.Неготино, полошко излетало надвор од коловозот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.И.(47) од Чегране, гостиварско, додека возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница Гостивар, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.