На 25.07.2024 во 13.25 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с.Чегране, кај с.Форино, гостиварско, патничко возило „сузуки“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(19) од Австрија, удрило во пешакот Џ.И.(71) од с.Форино.
Возачот потоа удрил во паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со германски национални ознаки, сопственост на И.Е.(63) од с.Форино, како и во излог од вулканизерска работилница, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.