На 01.07.2025 во 22.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ со ул.„Цетинска“ во Скопје, патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(68) од с.Тисовица, скопско, се превртело на коловозот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките Ф.И.(64) од с.Тисовица, скопско и Н.Ш.(28) од с.Елово, скопско, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.