Хроника СВР Куманово

Амфетамин пронајден во јавно претпријатие

Амфетамин пронајден во јавно претпријатие

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.К.(30) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 07.06.2025 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.

На 16.06.2024 во с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, при преглед на објект, сопственост на јавно претпријатие, бил пронајден и одземен амфетамин, а затекнати биле пријавениот со уште едно лице.

To top