Хроника

70 годишен велосипедист тешко повреден во Скопје

70 годишен велосипедист тешко повреден во Скопје

На 13.03.2024 во 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Кузман Јосифовски-Питу“ и ул.„Бојмија“ во Скопје, патничко возило „сеат леон“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ф.Н.(25) од Велес, удрило во велосипед управуван од Т.М.(70) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top