На 20.05.2025 во 10.50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул. „Илинденска“ во Тетово, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(19) од Тетово удрило во пешакот И.Ф.(81) од с.Мала Речица, тетовско.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Тетово, информира СВР Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.