Хроника мвр

16-годишен мотоциклист е повреден при судир со патничко возило

16-годишен мотоциклист е повреден при судир со патничко возило

На 12.09.2025 околу 19:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Џон Кенеди“, ул.„Серава“ и ул.„Ферид Захири“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од с.Арачиново, скопско и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(41) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Најнови вести од Хроника

To top