Хроника

10 годишно девојче повредено од залутано зрно во скопско

10 годишно девојче повредено од залутано зрно во скопско

На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Глумово, скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче, информира МВР.

Малолетничката била повредена во пределот на ногата, по што била пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани се тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

To top