Синоќа во населбата Залик во Мостар, околу 20:00 часот, се случил обид за грабеж во кој храбра продавачка го запрела разбојникот со автоматска пушка.
Снимката од надзорната камера покажува како маж облечен во црна јакна влегува во продавницата и по кратко време вади автоматска пушка од внатрешноста на јакната.
Храбрата работничка застанала пред крадецот, при што дошло до туркање и борба за пушката.
Крадецот немилосрдно ја удрил жената во главата, но таа не попуштила.
Во еден момент се слушнал рафален пукот, но за среќа никој не бил повреден.
Припадници на Полициската управа во Мостар излегоа на местото на настанот и спроведоа истрага и преземаат дејствија за утврдување на идентитетот на сторителот на нападот.