Вести

Хезболах утринава истрела околу 50 ракети кон северен Израел, погодена касарна

Хезболах утринава истрела околу 50 ракети кон северен Израел, погодена касарна

Либански Хезболах утринава соопшти дека извршил серија напади врз Израел, вклучително и ракетен напад врз израелска касарна.

ИДФ соопшти дека утринава од Либан кон северен Израел се лансирани околу 50 ракети.

Поради истреланите ракети во градовите во горниот и западниот дел на Галилеја се слушаат сирени за предупредување од напад, а засега нема информации за повредени.

Во три напади што се случија помеѓу 7:15 и 7:20 часот по локално време, проектили ги погодија израелските сили собрани во населбите Штула и Маскаф Ам и „група израелски непријателски сили во касарната Шомера“, прецизираше Хезболах.

Портпарол на израелската болница „Рамбам“ изјави за Си-Ен-Ен дека имало „инцидент“ во северниот дел на земјата, но рече дека не може да коментира за бројот на лица примени на лекување.

Болницата „Рамбам“ е главната медицинска установа во северен Израел и клучна локација за лекување на ранетите војници во тој регион.

Си-Ен-Ен побара коментар од израелската војска, која наведе дека не може ниту да ги потврди ниту да ги негира извештаите.

Хезболах наведе дека постигнале неколку „директни“ и „прецизни“ удари.

Хезболах утринава излезе со соопштение дека нивните борци го одбиле обидот на израелските сили да влезат во либанскиот град Адаисе.

To top