Економија буџет

Златеска: Предлог-буџетот ќе биде гласот на граѓаните, довербата целосно ја оправдуваме

„Предлог буџетот за 2025-та година е буџет кој е домаќински и внимателно изработен, со силен фокус кон подобрување на економската состојба во државата. Овој предлог-буџет се темели на дисциплина, мерење на резултати, проверки, ефикасност, ефективност, стратешко планирање“ , истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Бисера Златеска во своето излагање на денешната расправа за предлог-буџетот за 2025 година.

Златеска додаде дека нефункционалниот систем кој го оставила претходната влада е веќе минато и дека довербата којашто ја имаат од граѓаните нема да ја изневерат. Односно, искрено и чесно ќе следуваат позитивни промени во корист токму на граѓаните.

„Пропаднато здравство, нефункционални институции, лудо растечки цени на производи, безредие, непотизам, лаги, корупција, бркање на младите што подалеку од тука. Ова е мракот што не снајде. Мрак од кој ќе излеземе благодарение на искрена и чесна работа, и сето тоа поради нашата должност и обврска кон македонскиот народ кој својата доверба ја стави во наши раце. И преку нас, неговите избраници, токму тука се бори за подобар живот“ , децидна беше Златеска.

Златеска напомена дека токму буџетот ќе ја има главната улога во исполнување на барањата на граѓаните. Дополнително напомена дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи донесување на погрешни политики затоа што граѓаните најмалку не го заслужуваат истото.

„Во креирањето на сето ова, главна улога има буџетот на државата. Во состојбата во која се наоѓа, на нашата држава и треба помош, а ние сме тука да и ја пружиме. Ние не смееме да се расфрламе со погрешни зборови, ниту со погрешни дела, затоа што на Македонија и на македонскиот народ му е преку глава од грешки и лаги“ , заклучи Златеска.

Поврзани теми

Најнови вести од Економија

To top