Економија соопшти Државниот завод за статистика

Во септември издадени 326 одобренија за градење

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 678 877 илјади денари, што е за 43.8 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Во септември издадени 326 одобренија за градење

Во септември годинава се издадени 326 одобренија за градење, што е за 17.7 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 678 877 илјади денари, што е за 43.8 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 186 (57.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 79 (24.2 %) за објекти од нискоградба и 61 (18.7 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 326 објекти, на 192 (58.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 134 (41.1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 773 станови, со вкупна корисна површина од 72 274 м2.

Најнови вести од Економија

To top