Економија ДЗС

Во август угостителските услуги поскапеле за 5,1 отсто на годишно ниво

Во август угостителските услуги поскапеле за 5,1 отсто на годишно ниво

Цените на угостителските услуги во август во однос на јули годинава се зголемени за 0,2 отсто, а споредено со август минатата година за 5,1 отсто.

Државниот завод за статистика денеска објави дека споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,3 отсто, Алкохолни пијалаци зa 0,3 отсто и Ноќевања за 0,1 отсто.

– Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5,5 проценти, додека во однос на декември 2023 година е зголемен за 2,6 проценти, информира ДЗС.

Најнови вести од Економија

To top