Економија Државен завод за статистика

Трошоците на живот во октомври на годишно ниво зголемени за 3,5 отсто

Трошоците на животот во октомври 2023 година, во однос на истиот месец лани, се зголемени за 3.5 %, а цените на мало за 3.4 %. Во споредба, пак, со септември годинава, трошоците на животот бележат намалување од 1.5, а цените на мало од 0.6 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Трошоците на живот во октомври на годишно ниво зголемени за 3,5 отсто

Трошоците на животот во октомври 2023 година, во однос на истиот месец лани, се зголемени за 3.5 %, а цените на мало за 3.4 %. Во споредба, пак, со септември годинава, трошоците на животот бележат намалување од 1.5, а цените на мало од 0.6 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај млекото за 10.1 %, јајцата за 9.0 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 8.6 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 6.4 %, свежото и разладеното овошје за 5.2 %, пивото за 4.3 %, сирењето и урдата за 4.1 %, месото за 3.4 %, лебот и житата за 3.3 % и маслото и маснотиите за 0.9 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај медиумите за снимање за 7.7 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 7.3 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 3.2 %, велосипедите за 1.8 %, услугите за сместување за 1.1 %, цврстите горива за домаќинствата за 1.0 %, игрите, играчките и хобијата за 0.9 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 0.7 %, малите електрични апарати за домаќинствата, производите за домаќинството – нетрајни, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 0.6 %, моторните возила за 0.5 % и медицинските услуги за 0.2 %.

Пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 2.4 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1.8 %, жестоките пијалаци за 1.4 %, рибата и морските плодови за 1.2 %, виното за 1.0 %, кафето, чајот и какаото за 0.4 %.

Во октомври, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај електричните апарати за лична хигиена за 9.5 %, воздухопловниот патнички транспорт за 5.2 %, ветеринарните и другите услуги за домашните миленици за 4.7 %, гасот за домаќинствата за 3.9 %, градините, растенијата и цвеќињата за 2.6 %, домашните миленици и сродните производи за 2.2 %, туристичките аранжмани за 2.0 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 1.9 %, мотоциклите за 1.7 %, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема, другите апарати и производи за лична хигиена за 1.6 %. Кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти има раст за 1.5 %, мебелот и покуќнината, другото образование за 1.3 %, чевлите и другите обувки за 1.2 %, фармацевтските производи за 1.1 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, другите лични предмети за 1.0 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.9 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.8 %, услугите за рекреација и спорт, услугите за култура за 0.7 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.6 %, облеката за 0.5 %, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 0.4 %, течните горива за домаќинствата, рестораните, кафулињата и слично, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.3 %, теписите и другите подни покривки, патниот патнички транспорт, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0.2 %.

Најнови вести од Економија

To top