Вo третиот квартал на 2024 година, вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) изнесуваат 242.690 милиони денари и се зголемени за 7.492 милиона денари, на квартално ниво.
Притоа, останатите финансиски институции учествуваат со 21,5% во средствата на финансиските институции.
Анализирано од аспект на потсекторите, пензиските фондови имаат најголемо учество во вкупните средства на ОФИ од 65,6%, по што следуваат осигурителните друштва со учество од 15,6%.
Најзначајни инструменти на страната на средствата на ОФИ се вложувањата во должнички хартии од вредност (учество од 52,1%), како и вложувањата во сопственички хартии од вредност (учество од 26,1%). Гледано на страната на обврските, најголем дел им припаѓа на техничките резерви на осигурувањето и на капиталните сметки (учество од 54,4% и 36,1%, соодветно).
Најновото соопштение за позначајните движења кај ОФИ е достапно на следниот линк.