Економија

Трајан Ангелоски панелист на Економскиот форум во Јахорина

На седмиот „Економски форум Јахорина“ на тема „Западен Балкан – долгорочни развојни насоки“ од 14 до 16 мај 2024 година, претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија г-дин Трајан Ангелоски денес учествуваше на првиот панел “Еден регион, еден пазар”.

Трајан Ангелоски панелист на Економскиот форум во Јахорина

На седмиот „Економски форум Јахорина“ на тема „Западен Балкан – долгорочни развојни насоки“ од 14 до 16 мај 2024 година, претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија г-дин Трајан Ангелоски денес учествуваше на првиот панел “Еден регион, еден пазар”.

„Економскиот форум Јахорина“ е водечки регионален настан од областа на економијата, кој од 2016 година собира врвни експерти, носители на одлуки и бизнис лидери – шефови на држави, министри, претставници на државни институции од целиот регион, успешни бизнисмени на меѓународни и регионални компании, реномирани научници, кои преку дискусија доаѓаат до релевантни заклучоци како да се подобрат јавните политики, економијата во регионот.

Ангелоски како сопственик на реномирана регионална групација од машинската индустрија која долги години работи на меѓународните пазари и член на Генералниот совет на Светската коморска федерација посочи на панелот: “Веруваме дека заедничкиот регионален пазар ќе обезбеди развој на регионалните индустрии и ќе привлече глобални инвеститори. Заедничкиот регионален пазар ќе може да има корист од зголемените можности генерирани од слободното движење на стоки, услуги, луѓе и капитал во регионот, според тоа, претставниците на приватниот сектор, особено Стопанските комори, играат клучна улога во спроведувањето на акциониот план за заеднички регионален пазар. ЕУ останува клучен партнер за Западен Балкан во спроведувањето на овој амбициозен и трансформативен акциски план, бидејќи силниот и просперитетен Западен Балкан претставува неизоставен придонес кон европската економија и безбедност и помага во обликувањето на иднината на нашиот заеднички континент”.

“Јахорина економски форум” прерасна во деловен состанок посветен на анализа и дискусија за клучните економски предизвици и можности кои го обликуваат регионот. Организиран со поддршка од највисоките институции, Форумот се издвојува како клучен генератор на идеи и препораки за подобрување на економската политика,визионерите и клучните носители на одлуки за да ја обликуваат заедничката иднина на регионот.

To top