Економија Промо комерцијална објава

Сред зима ќе има жешка енергетска битка: Ќе се дозволи ли конкуренција во битката за универзален снабдувач, а со тоа и поевтина струја!?

Дали македонските граѓани ќе плаќаат поевтина струја во наредните пет години ќе зависи од тоа кој ќе го добие договорот за Универзален снабдувач на електична енергија. 

Владата на 11 декември го објави јавниот повик за универзален снабдувач на струја за домаќинствата и малите потошувачи, а на пазарот, освен ЕВН Хоум, интерес пројавија и други компании од овој сектор.

Неофицијално, една од нив е ЕДС, зад која стои грчката ППС.

Во јавноста веќе се „шушка“ дали ЕВН ќе биде единствениот понудувач за Универзален снабдувач или на јавниот оглас на РКЕ ќе бидат прифатени и апликациите на останати компании, како ЕДС, кои можат сериозно да му конкурираат на ЕВН во понудата на најповолна цена за снабдување со струја на граѓаните.

Петгодишниот договор со ЕВН Хоум истекува следната година, а оваа  компанија на 1 јули 2019 беше избрана за универзален енергетски снабдувач на струја, со понуда за  маржа од 11,5 проценти.

Познавачите на состојбите во енергетскиот сектор се согласни  дека со зголемениот интерес за учество на тендерот за Универзален снабдувач на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, ќе се овозможи здрава конкуренција и намалување на маржата за снабдувачот, а тоа на крај би резултирало со пониски цени на електричната енергија за  граѓаните.

Најнови вести од Економија Промо

To top