Економија Народна банка

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): четврт квартал на 2025 година

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): четврт квартал на 2025 година

Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во четвртиот квартал на 2025 година, достигнаа ниво од 300.594 милиони денари, што претставува квартален раст од 11.376 милиони денари. Останатите финансиски институции учествуваат со 21,8% во средствата на финансиските институции. Во рамките на структурата на ОФИ, најголемо учество во вкупните средства на ОФИ имаат пензиските фондови со 64,4%, по што следуваат осигурителните друштва со учество од 14,1%.

Најзначајни инструменти на страната на средствата на ОФИ се вложувањата во должнички  и сопственички хартии од вредност (учество од 50,8% и 26,6%, соодветно), додека на страната на обврските најголемиот дел се однесува на техничките резерви на осигурувањето и капиталните сметки (учество од 51,7% и 38,7%, соодветно ).

Најновото соопштение за позначајните движења кај ОФИ е достапно на следната врска:

https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/OFI/2025/Soopstenie_za_pecat_OFI_Q4_2025_mk.pdf

 

To top