Економија

PMG Construction е победник на јавното гласање на Европското Првенство за фасади – Baumit Life Challenge 2024 во Словенија

ПМГ Конструктион оваа година учествуваше со три проекти во три различни категории, а според освоените гласови од онлајн гласањето, нивните проекти се позиционирани на две први и едно второ место.

PMG Construction е победник на јавното гласање на Европското Првенство за фасади – Baumit Life Challenge 2024 во Словенија

Македонската градежна компанија PMG CONSTRUCTION повторно го освојува европскиот врв и тоа овој пат во три категории во натпреварување кое се одржува во Република Словенија, а е во организација на БАУМИТ. Пред две години PMG Construction во Валенсија, Шпанија на истото натпреварување го освои првото место во две категории, а го освоија и првото место како компанија на натпреварувањето.

ПМГ Конструктион оваа година учествуваше со три проекти во три различни категории, а според освоените гласови од онлајн гласањето, нивните проекти се позиционирани на две први и едно второ место.

На првото место се позиционирани проектите „House Center“ и „Drezdenska“, во категориите Термална реновација односно, Мултисемејно домување, а на второто место е позициониран проектот „Villa Dr. Tomevski“ во категоријата за фасадна текстура.

Дополнително од јавното гласање, има и гласање на жири комисија кои пред еден месец го номинираа проектот „House Center“ за главна награда во Словенија, Љубљана на 23 Мај 2024 година.
Во оваа категорија во финалето на 23 Мај, освен Македонија исто така влегоа и проекти од Шпанија, Франција, Литванија, Полска и Грција кои ќе се борат за главната награда!

To top