Економија берза

Пад на Волстрит од рекордните нивоа

На Волстрит берзанските индекси се лизнаа од рекордните нивоа во четвртокот, додека инвеститорите анализираа колку е одржлив силниот раст на цените на акциите изминатите денови.

Пад на Волстрит од рекордните нивоа

На Волстрит берзанските индекси се лизнаа од рекордните нивоа во четвртокот, додека инвеститорите анализираа колку е одржлив силниот раст на цените на акциите изминатите денови.

Индексот Dow Jones загуби 0,10 отсто, на 39.869 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,21 отсто, на 5.297 поени, а индексот Nasdaq загуби 0,26 отсто, на 16.698 поени.

На самиот почеток на вчерашното тргување цените на акциите дополнително пораснаа, по силниот раст од претходниот ден, па така Dow Jones првпат во историјата се проби над нивото од 40.000 поени. Меѓутоа, подоцна, сите најважни индекси се лизнаа од рекордните нивоа што ги достигнаа претходниот ден по објавувањето на податоците што упатуваа на благо намалување на инфлациските притисоци во април во САД.

По овие податоци, се појавија шпекулации дека американската централна банка двапати ќе ги намали каматните стапки во втората половина од годината, во септември и декември, за по 0,25 процентни поени. Сепак, прашање е колку е ова добра вест, имајќи предвид дека на почетокот на годината се шпекулираше дека Fed ќе ги намали каматните стапки најмалку пет пати оваа година, за вкупно 1,5 процентни поени.

И покрај намалените очекувања за намалување на каматните стапки, цените на акциите силно пораснаа оваа година, што го наметна прашањето дали овој тренд е одржлив. Дотолку повеќе што односот на цената и заработката по акција значително се зголеми.

„Цените на акциите силно пораснаа, па инвеститорите ги анализираат податоците. Заработката значително порасна оваа година, така што би можеле да го направат тоа следната година, но односот цена-заработка сепак достигна 21 до 22 пати. Имавме добри вести и многу од нив се вградени во ценети, така што пазарот мора да се справи со тоа сега“, вели Томас Хејс, претседател во компанијата „Great Hill Capital“.

И во наредниот период пазарните движења најмногу ќе зависат од шпекулациите за намалување на каматните стапки.

„Се чини дека сите се фокусирани на тоа што Fed може да направи или не, со оглед на тоа што ја започнавме годината со очекувања дека каматните стапки ќе бидат намалени можеби дури шест пати, а сега тие очекувања паднаа на едно или две намалувања“, вели Силас Мајерс, директор во фондот „Mar Vista Investment Partners“.

И на европските берзи цените на акциите вчера се лизнаа од рекордно ниво. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,08 отсто, на 8.438 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,69 отсто, на 18.738 поени, а париски CAC 0,62 отсто, на 8.188 поени.

Најнови вести од Економија

To top