Економија берза

Пад на Волстрит, фокусот на акциите на „Nvidia“

Цените на акциите паднаа на њујоршки Волстрит во вторникот, најмногу во секторот на производители на чипови, бидејќи акциите на „Nvidia“ беа под притисок пред објавувањето на кварталните деловни резултати.

Пад на Волстрит, фокусот на акциите на „Nvidia“

Цените на акциите паднаа на њујоршки Волстрит во вторникот, најмногу во секторот на производители на чипови, бидејќи акциите на „Nvidia“ беа под притисок пред објавувањето на кварталните деловни резултати.

Индексот Dow Jones загуби 0,17 отсто, на 38.563 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,60 отсто, на 4.975 поени, а индексот Nasdaq загуби 0,92 отсто, на 15.630 поени.

Бидејќи во понеделникот не се работеше во САД поради празник, во вторник работната седмица започна со пад на индексите. Најмногу паднаа цените на акциите, во просек за 1,6 отсто, во секторот производители на чипови, што во најголем дел беше резултат на падот на цената на „Nvidia“ за 4,3 отсто.

Оваа акција е под притисок бидејќи во средата, по затворањето на тргувањето, „Nvidia“ ќе ги објави своите квартални деловни резултати, кои ќе покажат дали силниот раст на вредноста на компанијата во текот на изминатата година, за речиси трипати, е оправдан. Благодарение, имено, на еуфоријата околу развојот на вештачката интелигенција, цената на акциите на „Nvidia“ го предводеше растот на технолошкиот сектор во тој период, па „Nvidia“ стана трета американска компанија по пазарна вредност.

И додека технолошкиот сектор вчера беше под притисок, цените на акциите во трговскиот сектор пораснаа во просек за 1,1 отсто. Тоа е во голема мера благодарение на цената на акцијата на „Walmart“ којашто се зголеми на рекордно високо ниво, откако овој трговски синџир на мало ги подобри проценките за оперативните резултати за тековната фискална година и ја зголеми годишната дивиденда за девет проценти.

По силниот раст на почетокот на годината, на Волстрит претпазливо се тргува во последниве седмици, бидејќи сѐ уште високата инфлација ги намали надежите дека американската централна банка агресивно ќе ги намали каматните стапки оваа година.

To top