Економија НБРСМ

Оваа недела ќе се одржи 50. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

-НБ објавува повик до сите истражувачи коишто се заинтересирани да учествуваат на сесијата на Клубот да се пријават на е-адресата: [email protected], најдоцна до 27 март 2023 година.

Оваа недела ќе се одржи 50. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

На 28 март 2023 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 50. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.

На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Испитување на динамичкиот пренесен ефект на светските цени врз македонските цени на храната“ од авторите Даница Уневска Андонова и Магдалена Петровска. По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.

Народната банка објавува повик до сите истражувачи коишто се заинтересирани да учествуваат на сесијата на Клубот да се пријават на е-адресата: [email protected], најдоцна до 27 март 2023 година (среда).

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

Најнови вести од Економија

To top